Герасимовски: Инспекциската служба на Центар ги лови сите неправилности

centar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секторот за инспекциски работи при Општина Центар бележи  зголемен обем на работа и зголемен број донесени записници, акти и барања за поведување на прекршочни постапки согласно програмата за работа.

-Според шестмесечната анализа  во периодот од први јануари  до триесетти  јуни, оваа година, биле донесени двесте триесет и пет  записници, во кои спаѓаат редовните, вонредните и контролните надзори од страна на инспекторите, наспроти истиот период минатата година кога тој број изнесувал деведесет и пет  записници –  што значи дека за шест месеци Општина Центар има донесено сто и четириесет  записници повеќе, информираат во соопштението на  Општина Центар.


Градоначалникот на општината Горан Герасимовски најави дека  спроведувањето на зачестените инспекциски контроли ќе продолжи  со цел почитување на законите и решавање на проблемите на граѓаните.

-Ветив чести инспекциски контроли во сите сегменти на локалната самоуправа за што сведочат и овие бројки од шестмесечниот извештај од Секторот за инспекциски работи. Колегите на терен ја евидентираа секоја неправилност која треба да се исправи од страна на прекршителите и тоа мора да важи за сите. Граѓаните заслужуваат правда и хумано живеење. Прекршувањето на законите важи за сите нас, затоа во Општина Центар ќе настојувам тоа да се применува“, вели  градоначалникот Герасимовски.

Тој смета дека според изготвениот извештај  во работата на комуналните редари изречени се сто дваесет и две  прекршочни платни налози наспроти нула  изречени прекршочни платни налози за минатата година. Исто така, од страна на инспекторите поднесени се шеесет и девет  барања за поведување прекршочни постапки наспроти нула  поведени прекршочни постапки за периодот од  минатата година, како и зголемување во однос на донесени решенија од страна на инспекторите, осумдесет и еден  наспроти педесет и седум  минатата година.

– Засилените надзори и контроли ќе продолжат и во следниот период со цел граѓаните да внимаваат на пропишаните правила и законски одредби. Секој оној кој нема да ги почитува и ќе направи какви било  отстапки ќе биде санкциониран, изјави Герасимовски.

Во рамки на Секторот за инспекциски работи ангажирани се: еден  комунален инспектор и тројца  комунални редари, еден  градежен инспектор, еден  инспектор за домување и еден инспектор за животна средина. Со помош на овие  ресурси и доброто менаџирање добиваме високи резултати при евидентирање неправилности и поставување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK