„Генералка Викенд“ оваа сабота во Охрид

ohrid
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Охрид се вклучува во големата  еколошка акција „Генералка викенд“ што в сабота ќе се реализира во повеќе градови низ земјата.

Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата. Општина Охрид и ЈП„Охридски Комуналец“ Охрид се приклучуваат на aкцијата со чистење на плажите Грашница, Горица и Св.Стефан. Во акцијата ќе земат учество и здружението „Брег на Младоста“ и „Kостал Македонија Дооел“.


Акцијата се спроведува е во коорганизација „Мен енд маунтен“, а со поддршка на пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад.

Локалната власт во Охрид ги повикува граѓаните што помасовно да се вклучат во акцијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK