Општина Чаир и јас како нејзин градоначалник најостро го осудуваме вандалскиот чин на таблата со името Парк Украина која се наоѓа на нашата територија, поточно во близина на општинскиот објект.
Оценуваме дека ова е исклучително низок чин кон мирољубива вредност како што е паркот Украина што го промовиравме пред неколку недели заедно со Украинската амбасада во земјава.
Случајот веќе го пријавивме до органите на редот и бараме што поскоро да се откријат сторителите и да ја добијат заслужената казна.
Фото: Општина Чаир
Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир