Членовите на фолклорната група при НУ Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров“ од Делчево заминаа на мини балканска турнеја, во чии рамки ќе настапат на два Меѓунардни фестивали. Како што информираше Кристијан Трајановски, стручен соработник за фолклорна дејност при Центарот за култура, делчевските играорци најпрвин ќе настапат во Рача, Република Србија.
-Во Рача, Република Србија каде ќе имаме настап по повод Денот на оваа општина. Имаме долгогоидшна соработка со културните дејци од оваа Општина чија покана со задоволство ја прифативме да бидеме дел од одбележувањето на нивниот значаен датум за Општината, рече Трајановски.
По гостувањето во Србија, како што додаде стручниот соработник, следува настап во Витина, Косово
-За пет дена по враќањето од Србија, големата група со 40 членови ќе замине за Витина, Република Косово, каде ќе настапиме на Меународниот фестивал поддржан од ЦИОФ, Косово. Сакам да напоменам дека преку фејсбук страницата на Центарот за култура ќе ги информриаме навремено родтелите за сите детали околу пристигнувањето во земјите, настапите и сето останато, ддаде Трајановски.
Во меѓувреме делчевската установа се подготвува за настаните кои ќе се одржат во рамки на Делчевското културно лето со акцент на „Голачки фолклорни средби 2023 година.