Европски експерт презентираше стратешки мерки за намалување на светлосното загадување во Пехчево


Screenshot 2026-07-12 200034
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во изминатите денови во Општина Пехчево се одржа работна средба со засегнати страни во рамките на проектот ADRISKY – Advancing Light Pollution Mitigation for Biodiversity and Nocturnal Habitats Conservation in the Adriatic-Ionian Region, кој се реализира преку програмата Interreg IPA ADRION 2021–2027, со кофинансирање од Европската Унија. Како партнер во проектот, Општина Пехчево активно учествува во развојот на политики и активности насочени кон намалување на светлосното загадување, заштита на ноќните екосистеми и зачувување на биодиверзитетот.

Во рамките на работната средба беше презентиран нацрт-документот Територијален акциски план (Territorial Action Plan – TAP), кој претставува стратешка рамка за идните активности на Општина Пехчево во областа на намалување на светлосното загадување. Документот ги опфаќа предвидените мерки, активности и препораки за унапредување на системите за јавно осветлување, заштита на животната средина и рационално користење на енергијата.


Свое стручно излагање имаше проф. д-р Милан Светец од Република Словенија, експерт со долгогодишно искуство во областа на светлосното загадување и одржливото управување со надворешното осветлување. Во својата презентација тој ги претстави европските искуства и современите пристапи за намалување на негативните влијанија од прекумерното осветлување, нагласувајќи дека со правилно планирање и примена на современи технологии истовремено може да се подобрат енергетската ефикасност, безбедноста, заштитата на природата и квалитетот на живот.

Во дискусијата активно учествуваа претставници на институции, јавни претпријатија, организации, членовите на проектниот тим и градоначалникот на Општина Пехчево. Присутните разменија мислења и дадоа предлози за дополнително унапредување на Територијалниот акциски план, со цел документот да ги одрази локалните потреби и приоритети.

Беше истакнато дека проектот ADRISKY претставува значајна можност за Општина Пехчево преку меѓународна соработка да воведе современи практики за управување со јавното осветлување, засновани на научни истражувања и европски стандарди. Проектот, покрај изработка на стратешки документи, предвидува и размена на искуства меѓу партнерите, развој на заеднички препораки и пилот-активности кои ќе придонесат за намалување на светлосното загадување и подобра заштита на природните вредности во Јадранско-јонскиот регион.

Општина Пехчево останува посветена на спроведување одржливи политики и проекти кои придонесуваат за заштита на животната средина, зачувување на биодиверзитетот, енергетска ефикасност и подобар квалитет на живот за сите граѓани.

Проектот ADRISKY е кофинансиран од Европската Унија преку програмата Interreg IPA ADRION 2021–2027. Содржината на ова соопштение е единствена одговорност на Општина Пехчево и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија или на Управувачкото тело на програмата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK