Еколошка акција на здружението „Велешки акцијаши“ во дворот на болницата во Велес

veles chistenje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Здружението на граѓани „Велешки акцијаши“ денеска изведе еколошка акција за чистење на дворот на Градската болница во Велес. Освен нивните членови, учество земаа и акцијаши ветерани од Скопје, Битола, Ниш и Јагодина од соседна Србија. Како што информира за МИА претседателот на здружението Делчо Костов, вкупно 23 учесници – возрасни ветерани акцијаши со оваа волонтерска акција го дадао својот придонес за поздрава животна средина, а се вклучуваат и во други акции.

Во рамки на акцијата тие целосно го расчистија дворот на Градската болница во Велес од смет и стари гранки и дрвја, сечеа и кастреа дрвја, корнеа коров, косеа трева. Тоа денеска беа нивните бригадирски задачи на трасата во Велес, а посебен акцент ставија на дворот позади Детското одделение и на патот кон Хирушките амбуланти и кај зградата на Инфективното одделение.


Денешната акција за чистење од диви растенија, коров и трева на болничкиот двор во Велес е само една од активностите кои се реализираат во рамките на Меѓународната работна акција „Скопје на нашите дланки“.

Денешните гости акцијаши се дел од групата на околу 150 акцијаши ветерани од бившите ЈУ Републики кои заедно со колегите од земјава седум дена го разубавуваат Скопје.

Нивниот волонтерски придонес е посветен на одбележувањето на јубилејот 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје чие главно мото е „Никогаш да не се повтори“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK