Домашно, квалитетно, подготвено со љубов – дел од менито во градинките во Ѓорче! 


FB_IMG_1753976102436
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

👩‍🍳👶 Домашно, квалитетно, подготвено со љубов – дел од менито во градинките во Ѓорче!

 


Оброците за децата во сите градинки на територија на Ѓорче Петров се подготвуваат во централната кујна во објектот „Росица“ – со целосна контрола, планирана и безбедна исхрана.

 

Претходно, ужинките се добиваа од приватни производители, но беше финансиски неоправдана, а квалитетот не ги задоволуваше критериумите што ги сметаме за приоритетни кога станува збор за детска исхрана.

 

Со одговорно и домаќинско управување, општината вложи во:

🍞 индустриси конвектомат за подготовка на кифлички, проја и останати тестени и производи,

🥣 професионален миксер за месење,

🥩 мелница за месо – со што се гарантира свежа и безбедна преработка.

 

Секој оброк се подготвува со особено внимание, под високи хигиенски стандарди и со план што ја следи нутритивната вредност потребна за правилен раст и развој на децата.

 

Да им понудиме на најмладите најдоброто што можеме – храна што не ја оставаат во чинијата.

 

Ѓорче Петров се грижи за своите најмлади! ❤️

 

https://www.facebook.com/share/18FE7zrPBn/

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK