Деветмина ученици во основни училишта во Карпош заразени со салмонела

Деветмина-ученици-во-основни-училишта-во-Карпош-заразени-со-салмонела.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кујните во три училишта, заедно со магацинскиот простор во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош се затворени откако се потврдени случаи на девет деца заразени со салмонела.


Оваа инвофрмација ја потврдија и од Државниот санитарен инспекторат. Децата јаделе храна од фирмата која и досега ги снабдувала училиштата, а потоа се пожалиле на стомачни болки. Во Центарот за јавно здравје, вчера, биле стигнати седум пријави за заболување од заразната болест по што денеска се извршија вонредни инспекциски контроли во училиштата.

Во тек на денешниот ден ДСЗИ во соработка со преставници од ЈЗУ ИЈЗ, ЈЗУ ЦЈЗ и АХВ ќе изврши вонредни инспекциски надзори во објектите кои се засегнати со конкретната состојба со цел надзор над санитарно хигиенската и епидемиолошката состојба во објектите, откривање на изворот на зараза и прекинување на синџирот на пренос на заразното заболување, соопштија од Државниот санитарен инспекторат.

Сите училишта каде што има заразено ученици, набавуваат од Ванила фуд. Фирмата нема да испорачува следните неколку дена додека не пристигнат резултатите од анализите.

Во ООУ “Војдан Чернодрински” од 180 ученици кои се хранат во училишната кујна само кај 3 ученици од Центарот за јавно здравје има потврда дека имаат салмонела.  Во ООУ “Јан Амос  Коменски” од 350 ученици кои се хранат во училишната кујна, само кај 1 ученик е потврдено дека има салмонела.  Во двете училишта станува збор за ученици од прво одделение. Во ООУ “Владо Тасевски” има потврдени 5 случаи од 1. до 4. одделение, од 350 деца кои примаат храна во училиште.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK