Дератизација во Куманово

Kumanovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Куманово и денеска ќе спроведе дератизација, информираа надлежните. Дератизацијата се спроведува два дена, заклучно со денеска.

– При постапката ќе се користи препарат дератион парафинато. Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период, поради неповолните временски услови, дератизацијата ќе биде одложена за наредниот ден. Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на третираните површини, повикаа од општината.


Ова е прва фаза од дератизацијата која се спроведува два пати годишно во неколку наврати. Општината во средината на јуни, годинава склучи договор со избрана компанија „Плант медика“ за извршување услуги за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, комарци во вредност од 1.180.000 денари со вклучен данок на додадена вредност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK