Деновите на култура во Општина Илинден ќе се одбележат во соработка со ДПМ, во фокусот родољубивите песни и идентитетот во книжевноста

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Деновите на културата во Општина Илинден што ќе се одржат во Домот на културата „Илинден“ на 16 и 17 мај ќе бидат тематски со фокус на родољубиви песни за татковината и идентитетот во книжевноста. Покрај централната манифестација, на програмата, што се организира од страна на Општина Илинден во соработка со Друштвото на писателите на Македонија, ќе се одржат и трибина за книжевноста, работилница за деца и млади, литературно матине за деца, промоција на книга….

Претседателот на ДПМ, Христо Петрески денеска на прес-конференција истакна дека со нивното вклучување се потрудиле да внесат еден нов квалитет во манифестацијата со неколку програмски содржини задржувајќи се повеќе на тоа дека овој пат нема да има само читање туку и креативна работилница за деца и млади.


– Завршниот митинг којшто е централната содржина на оваа манифестација годинава ќе биде тематски. Наместо авторите да читаат разнородни и хетерогени песни на многу теми и на многу мотиви, ние ќе се обидеме да ги систематизираме тие творби, да направиме една целина, и тоа ќе биде со родољубиви песни, патриотски песни, песни посветени на татковината, рече Петрески.

Според претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска, на манифестацијата ќе се стави посебен акцент на идентитетот во книжевноста.

– Ќе привлечеме еминентни писатели и ќе проговориме за една многу важна тема, за идентитетот во книжевноста, односно како идентитетот како тема се разработува во книжевноста кај нашите автори, но може и пошироко во светското искуство, а исто така како книжевноста е знак за идентитет, рече Николовска.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски се надева дека овој настан ќе биде поттик и за другите општини за развивање на културата.

– Да се поддржат вакви манифестации со цел да се подигне нивото за да можат таргет да ни бидат младите уметници кои се застапени во оваа програма, а исто така да дадеме простор и да ни бидат гости еминентни писатели од областа на прозата и поезијата, за да ги покажат сите нови композиции и лични творештва, рече Георгиевски.

Централниот настан на манифестацијата е поетската вечер „Нашинска, татковинска“ посветена на македонската родољубива поезија што ќе се одржи на 17 мај на која ќе настапат познати македонски поети. Најавена е и промоција на книгата „Македонски песни“ од Ернесто Ередеро дел Кампо и Марио де Роза, како и културна уметничка програма со настап на Ансамблот на народни инструменти и песни „Стефче Стојковски“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK