Демир Капија една од трите општини избрана за изработка на план за енергија и клима

demir kapija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Демир Капија е една од трите општини од земјава, кои годинава се избрани на јавниот повик за општини за изработка на локален план за енергија и клима, информираше попладнево демиркапискиот градоначалник Лазар Петров.







– Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“, кој е финансиран во рамките на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест”, во соработка со „Македонското здружение на млади правници” и „Организација за поврзување на природни вредности и луѓе” (ЦНВП), а финансиски поддржан од Владата на Шведска, појасни Петров.

Тој нагласи дека целта на овој проект е да се зголеми отпорноста кон климатските промени на локално ниво и преку подобро планирање, зголемена свест и соработка на сите засегнати страни, како и ублажување на ефектите од климатските промени.

– Изработениот план ќе овозможи одредена стратешка рамка за долгорочно, посветено и таргетирано справување со климатските промени и зајакнување на климатската отпорност. Дополнително ќе се работи и на конкретни проблеми во нашата општина со цел реализација на одредена инвестиција, односно мерка за адаптација и ублажување на последиците од климатските промени, додаде градоначалникот.

Тој рече дека по изборот на општината,  веднаш се започнува со изработката на локалниот план за енергија и клима за Општина Демир Капија.

– Продолжуваме заедно и понатаму да се залагаме за правилно трасирање на следните активности и значаен развој на нашата Демир Капија, нагласи Петров.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK