Во Албанскиот театар во Скопје, вчера вечер официјално започна манифестацијата „Чаир го слави Ноември – 20 години гордост“, со свечена програма подготвена од учениците на основните училишта на Општина Чаир. Преку песни, рецитали и традиционални ора, учениците на сцената претставија уметничка програма посветена на Денот на албанската азбука, Денот на албанското знаме и историските и културните вредности на Ноември.
На присутните им се обрати претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, кој го поздрави ангажманот на учениците и наставниците, истакнувајќи го значењето на воспитувањето на младите генерации во духот на националните вредности и зачувувањето на културниот идентитет.
На манифестацијата присуствуваше и пратеничката Мерита Коџаџику, додека со поздравно обраќање се обрати и Мјелма Гаши, одговорна во Секторот за образование на Општина Чаир. На крајот од настанот беа доделени признанија на наставниците кои придонесоа за реализацијата на свечената програма, вклучително и на наставниците по ликовна уметност.
Со овој настан започна празничната недела „20 години гордост“, организирана од Општина Чаир во чест на 20-годишнината од поставувањето на споменикот на Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег на плоштадот што го носи неговото име.
Прославите ќе продолжат до 28 ноември со концерти и културни активности, а ќе кулминираат со централната манифестација „20 години гордост“, на 28 ноември, во 14:00 часот, на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.