Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Бесплатен-паркинг-во-Центар-за-новогодишните-и-божиќните-празници.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани, известуваат Паркинзи на Општина Центар.


„Согласно Одлуката на претпријатието, на 01.01.2024 година (понеделник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2024 година (вторник) со вообичаено работно време.

За време на божиќните празници на 06.01. (сабота), 07.01. (недела) и 08.01.2024 година (понеделник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 09.01.2024 година (вторник) со вообичаено работно време“, соопштија од Паркинзи на Општина Центар.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK