Аеродром добива нов парк лоциран на влезот во Лисиче

mucinski-park-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







На самиот почеток на пролетта започна изведбата на новиот парк лоциран на влезот на населбата Лисиче, покрај булеварот „Февруарски поход“, извести општина Аеродром.

До крајот на следниот месец Аеродром ќе добие нов простор кој ќе биде целосно уреден со зеленило и урбана опрема и каде ќе биде поставено македонското знаме, велат од општината.

Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна истакна дека Јавното претпријатие за комунални дејности и Општина Аеродром целосно ги изведуваат работите за уредување на оваа површина, што за граѓаните кои живеат во овој дел од општината ќе претставува ново зелено катче.

Во следниот период вакви проекти ќе се реализираат и на други локации ширум Аеродром, со што се потврдуваат заложбите за модерна, зелена и чиста општина, се додава во соопштението на општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK