15 јуни 2026 година: Во Гевгелија Годишен концерт на Секцијата за гитара


721025338_1404294638387795_5967473098557080902_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Културното лето во Гевгелија продолжува со традиционалниот Годишен концерт на Секцијата за гитара при ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија. Годишниот концерт ќе се одржи во понеделник, на 15 јуни 2026 година, со почеток во 20:30 часот. Локацијата и оваа година е платото пред Народниот театар во Гевгелија.

Овој значаен настан претставува јавна презентација и убава рамка за заокружување на уште една успешна и плодна година исполнета со вежбање, труд и напредок на младите гевгелиски таленти. Преку овој концерт, публиката ќе има можност да го проследи постигнатото, при што учениците ќе се претстават со богата и разновидна програма, прилагодена за сите генерации


Во текот на изминатите месеци, членовите на секцијата посветено работеа и ги усовршуваа своите музички вештини под менторство на професорот Костадин Динев. Како долгогодишен музичар со долгогодишно искуство, Динев има клучна улога во откривањето и правилното насочување на младите таленти во Гевгелија. Неговиот ангажман е препознатлив по тоа што успева да ја пренесе љубовта кон гитарата и музиката кај секоја нова генерација, истовремено градејќи кај нив дисциплина, тимска работа и сценска самодоверба. Концертот е уште еден доказ за неговата континуирана посветеност на развојот на младинската култура во нашата општина.

Влезот за сите граѓани и посетители е целосно слободен. Организаторот упатува отворена покана до сите љубители на гитарскиот звук, родителите, пријателите и поддржувачите на младинското творештво да присуствуваат на настанот и со својот аплауз да го наградат трудот на младите гитаристи и нивниот ментор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK