Општина Бутел: Доделени 57 стипендии за најуспешните ученици од основните училишта


2-14.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски додели 57 стипендии на најдобрите ученици од основните училишта, информираат од општината.


„Под мотото „Со срце учам, со знаење успевам” локалната самоуправа ја продолжи традицијата, за наградување на најуспешните ученици“.

Денес беа доделени стипендии во вредност од 12.000 денари, на 11 првенци на генерација, во три наставни јазици (македонски, албански и турски). На најдобрите ученици од 5, 6, 7 и 8 одделение (во три наставни јазици) им беа доделени стипендии во вредност од 6.000 денари.

„Општина Бутел постојано вложува во образованието и промовира политики за поддршка на најдобри ученици“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK