Општина Гостивар со Прифатилиште за жртвите на семејно насилство

semejno-nasilstvo1-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Советот на општина Гостивар едногласно ја изгласа одлуката за почеток со работа на Прифатилиштето за жртвите на семејно насилство.


„Со ова прифатилиште ќе раководи невладината организација „Етика“, која беше избрана од Општинската комисија по јавен оглас, додека општина Гостивар за оваа намена издвои 1 милион 200 илјади денари.

Поради заштита на жртвите на семејно насилство, локацијата на овој центар останува тајна, додека ова прифатилиште е на над 100 метри квадратни и таму ќе може да се сместат до 8 жртви на семејно насилство“, велат од општина Гостивар.

Оттаму порачуваат дека како општество треба да се обединиме и да го спречиме насилството и да им помогнеме на жртвите на семејно насилство, додека семејното насилство е неприфатливо и како такво мора да се бориме против насилствто.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK