Општина Аеродром им додели таблет уреди на учениците од четврто одделение


8.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четврта година по ред општина Аеродром им доделува таблет уреди на учениците од четврто одделение заради полесен пристап до нови знаења, информации и поквалитетен воспитно – образовен процес.


На доделувањето на таблет уредите во основното училиште „Блаже Конески“ денес заедно со градоначалникот Дејан Митески беше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која изрази задоволство што овој проект има континуитет и посака да продолжи и во иднина.

„Ова е одличен начин да им се овозможи на сите ученици еднаков пристап до современа информатичка технологија, пристап до онлајн извори на информации и бази на знаења. Сметам дека е особено важна мерка за поддршка за семејствата со пониски примања, кои можеби не можат да си дозволат и да им набават на своите деца ИТ уреди, а секако, ниту еден родител не сака неговото дете во тој поглед да биде различно од другите“, рече Јаневска.

Годинава, Митески нформираше дека се доделуваат таблети на 915 ученици во вредност од 6,5 милиони денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK