ОМД назначува нов член на Бордот и се проширува во Шведска
Обединетата македонска дијаспора (ОМД), водечкиот глас за Македонците во дијаспората, ја назначи д-р Кристина Бундра за нов член на Управниот Борд, а Мирјана Наумоска за свој прв претставник во Шведска.
Голема е честа да гледаш како тимот расте со квалитетни и изградени луѓе кои имаат искрена желба за напредокот на нашата татковина Македонија. Успешни во светот, зафатени со своите секојдневни обврски а сакаат да придонесат, да се чувствуваат поблиску, да придонесат и ја приближат својата земја, земјата на нивните родители на што поблиску ниво да би овозможиле еднаков пристап на своите деца со децата од Македонија.
Гордан Јорданов, директор на ОМД за Македонија и Европа, рече:
„Добредојдовте Кристина и Мирјана! Силна, активна и влијателна македонска дијаспора е еднаква на посилна нација, Македонија. ОМД создава можности и програми за дијаспората да се вклучи во татковината во сите аспекти, борбата против корупцијата, растот на економијата и подобрувањето на здравствениот систем и образованието – клучни области каде на Македонија очајно и е потребна помош од дијаспората и експертиза“.
Прочитајте повеќе за Кристина и Мирјана овде: https://conta.cc/3PiAlRN