Одземен пасошот на Иџет Мемети, ќе треба да се јавува во суд

memeti.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост за И.М., второосомничен во истрагата поврзана со Примање награда за против законито влијание за која веќе информираа од ОЈО.

„По денешното произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител како и ценење на фактите и доказите во прилог на ОЈО ГОКК, донесе решени со кое предлогот се уважува. На осомничениот му се опредлуваат мерки за претпазливост од чл. 146 ст.1 т. 2 и 3 односно обврска на осомничениот повремено да се јавува на определено службено лице во судот и одземање на патна и друга исправа за напуштање на државната граница како и забрана за издавање нова.

Мерките важат до правосилноста на постпаката, а против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд“, извести Кривичниот суд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK