Одржана обука на стручната служба во Уставен со поддршка на ОБСЕ Мисијата во Скопје

ustaven_#$53534534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 –  На 10 и 11 јули во Уставниот суд се одржа дводневна работилница за стручната служба на тема „Забраната за дискриминација во судската пракса на Европскиот суд за човекови права”.

Како што е наведено во соопштението на Уставен суд, беа разработени формите и основите на дискриминација, спроведени се вежби за препознавање на различен третман, недостаток на објективно и оправдано оправдување, товар на докажување во случаи на дискриминација, говор на омраза, како и  разработени конкретни примери против Северна Македонија во изминатите години.


Настанот се реализираше со цел зајакнување на вештините на стручната служба преку практични примери од областа на човековите слободи и права. Обуките ги спроведоа Ана Медарска Лазова и Христијан Конески, адвокати, ангажирани во Секретаријатот на Европскиот суд за човекови права.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK