Одбраната бара куќен притвор за таткото на Вања

Одбраната-бара-куќен-притвор-за-таткото-на-Вања.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Одбраната на таткото на убиената Вања Ѓорчевска побара куќен наместо затворски притвор за него.

Александар Ѓорчевски, кој од декември се наоѓа во притворот во Шутка, е осомничен дека помогнал при грабнувањето на неговата ќерка.

Судија на претходна постапка пред неколку дена на барање на обвинителството му го продолжи притворот за 30 дена.

Според адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, со мерката куќен притвор ќе се задржи кохезијата на семејството.

На останатите осомничени, Велибор Маневски, Влатко Кешишов, Боре Видевски и Стефан Димковски исто така им беше продолжен притворот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK