Нотарската комора на Република Северна Македонија денеска ќе одржи свечена седница по повод свечено одбележување „25 години Македонски нотаријат”.
На свечното одбележување се поканети претставници од позначајни институции и правосудни органи, претставници од балканските нотаријати, сите нотари. Како што е најавено, на седницата ќе се обратат претседателот на Нотарската комора, Методија Ристоски и министерот за правда Кренар Лога.