Одбележување 22 години од формирање на Единицата за брзо распоредување

ебр
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Овогодинешното одбележување на 22 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување ќе се одржи во Куманово и Скопје. Според распоредот објавен од министерство за внатрешни работи во 09.30 во кругот на СВР Куманово ќе биде откриено спомен обележје на 8-те загинати припадници на македонската полиција, кои ги положија животите во 2015 година во вооружена престрелка со терористичката групација во кумановско „Диво Насеље“, а во одбрана на Куманово и татковината.

Потоа во Градскиот парк каде што ќе биде изложена опрема на ЕБР според концептот „МВР за граѓаните“, изјава за медиумите ќе даде министерот Оливер Спасовски. Предвидена е и дружба на граѓаните и најмладите со македонската полиција.


Во Скопје, во базата во Ѓорче Петров ќе биде положено цвеќе на спомен-плочата на загинатите и починати припадници на ЕБР.

Централна прослава на 22 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување ќе се оддржи во попладневните часови пред Градскиот базен во Куманово, а најавено е обраќање на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и командантот на Единицата за брзо распоредување Вице Столевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK