Од утре почнува делењето на 100 купони за бесплатна мамографија од страна на општина Гостивар

Од-утре-почнува-делењето-на-100-купони-за-бесплатна-мамографија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Гостивар од утре, 23 јануари, почнува со делење на 100 купони за бесплатна мамографија и преглед за сите жени и девојки.


Приоритет имаат жените и девојките кои имаат претходна дијагноза на рак на дојка и имаат потреба од мамографија, како и сите оние на кои им е потребна превентивна контрола.

Земањето на купоните може да се врши секој работен ден од 13:00 часот во просториите на општина Гостивар, додека мамографиите ќе се вршат во ординацијата „Ромедикал“.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK