Од Србија екстрадиран 19-годишникот кој прегази жена во Капиштец, определен му е притвор


730511045_1011356118490275_8143517036381145131_n.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска (24.06.2026) од Република Србија во нашата земја екстрадиран е Саит Саитов (19) од Скопје, соопшти МВР.


Тој беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за сторени кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ за кривично правен настан кој се случил во Скопје на 09.01.2026 година.

На лицето, информираат од полицијата, му е определена мерка притвор и истиот е предаден во Затвор Скопје за понатамошна постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK