Од поранешни директори, преку лекари и сестри, па се до секретарки, возачи, чувари – новинарката Мулачка за криминалната шема на Онкологија

Од-поранешни-директори-преку-лекари-и-сестри-па-се-до.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Појаснувајќи го патот на злоупотреба на скапите лекови, Ирена Мулачка, новинарката која го разоткри скандалот на Онкологија, во интервју за „Макфакс“ истакнува, дека биолошката терапија која требало да ја примаат болните од рак, најверојатно се препродавала на Косово.


Голем дел од пациентите од Косово, како што вели, се лекуваат кај нас, и добиваат скапа терапија на сметка на државата.

„Патот на лекот, тргнува од моментот кога ќе го добијат тендерот, и лековите влегуваат на клиника. Лекарот одлучува кој пациент, каква терапија треба да прима со потврда и потпис од директорот. Таа биолошка терапија мора да има потпис од директорот на Клиниката. А потоа се дава историјата на пациентот, на портирот, кој ја носи на одделенската сестра. Таа пак во посебна просторија наменета за тоа, затоа што се работи за јаки токсични лекови, го зема и го раствора “, објаснува Мулачка.

Разработената шема за изнесување на лекот од Онкологија, додава таа, не била договарана само преку лекар, туку во неа учествувале од лекари, поранешни директори, медицински, одделенски сестри, па до секретарки, благајници, возачи и чувари.

Преку пример со одреден лек, новинарката објаснува како може да изгледа манипулацијата со биолошката терапија и како и колку заработувале дел од вработените на Клиниката за Онкологија.

Одделот дојка на Клиниката, како што посочува, бил најмногу засегнат со злоупотребата на терапијата.

Клучна улога, според Мулачка, имаат одделенските сестри кои ги прават растворите.

Во случајот, за сестрата, за која во јавноста имаше информации дека во два наврати крадела цитостатици, уредничката на „Фокус“ открива дека таа најверојатно не е во државата, и дека истата не може да се лоцира, за да и се ипраќаат покани од Обвинителството.

На одделот, како што вели, имало и многу роднини на дел од директорите, кои работеле на шалтери или во аптека, и на дел од нив им се прекинати договорите за работа.

Каде и кога настанал коренот на случајот со Онкологија, на кој начин заработувале инволвираните, за екс економскиот директор и неговата мајка која се лечела на Клиниката и слично, раскажува Ирена Мулачка, новинарката чиј потпис стои на сториите за Онкологија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK