Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја доби одлуката од министерот за здравство за засилени контроли во градинките, согласно препораката на Комисијата за заразни болести. Комисијата препорача нецелосно вакцинираните и невакцинираните деца да не одат во градинка за да се заштита себе, но и останатите поради епидемијата на голема кашлица во Скопје. дадена поради епидемијата на голема кашлица во Скопје.
„Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја доби Одлуката од Министерот за здравство врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани прием на деца во предучилишни установи кои не се имунизирани со вакцината дитепер или се нецелосно имунизирани со оваа вакцина. Вонредните инспекциски надзори ќе започнат во Понеделник на 11.03.2024 година со издавање решение за забрана на прием на деца кои не се имунизирани со дитепер или се нецелосно имунизирани со дитепер и други наложени епидемиски мерки“, велат од Инспекторатот.
Инспекторите ќе ги задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца со дитепер ќе им советуваат да не се примаат деца со други инфективни заболувања, како и за секое зголемено отсуство да биде известен Центарот за јавно здравје Скопје.
Иако Комисијата за заразни болести ја донесе препораката за градинките во вторникот, Инспекторатот не почна веднаш со засилени контроли. Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на посебна прес-конференција во средата рече дека за да почнат засилено да контролираат во градинките ќе ја чекаат одлуката од министерот, дека ги прифатил препораките на Комисијата за заразни болести. Министерот за здравство Илир Демири, веднаш по нејзината прес-конференција, извести дека ја прифатил препораката. Одлуката патувала три дена до Инспекторатот, кој засилените контроли ќе ги почне в понеделник.