Од идната недела нестабилно со локални поројни врнежи

дожд.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







УХМР информира дека во почетокот на следната недела на повеќе места времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и поројни проследени со грмежи. И во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет.

Според прогнозата, утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 1 до 7 степени, а дневните од 7 до 17 степени. Во Скопје ќе променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува. Температурата ќе достигне 15 степени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK