Од денес и за Македонците уште полесно до работа во Германија

skopski-aerodrom-skopje-patnici.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Работниците од земјите кои не се членки на ЕУ од денеска, 1. јуни ќе можат да аплицираат за „карта за шанси“ која им овозможува да дојдат во Германија и да бараат работа до една година.


Од „картата за шанси“ и проширување на Западнобалканско правило ќе профитираат и работниците од Македонија, пишува „Дојче Веле“.

„Картата за шанси“, која беше најавена пред две години, е наменета да ги пополни празнините на германскиот пазар на труд, особено во секторите инженеринг, информатичка технологија (ИТ) и здравство, каде има недостиг од дури 400.000 работници годишно.

„Со ‘картата за шанси’ луѓе со искуство и потенцијал можат побрзо и поедноставно да најдат соодветна работа“, истакна германската сојузна министерка за внатрешни работи Ненси Фезер вчера во Берлин.

„Картата за шанси“ обезбедува привремена виза или работна дозвола, што им овозможува на оние кои ќе ја добијат да работат до 20 часа неделно или да стекнат двенеделно пробно работно искуство. Доколку работниците од земјите кои не се членки на ЕУ сакаат да работат со полно работно време, можат да аплицираат за продолжување на престојот доколку веќе имаат понуда за работа.

За да ја добијат картата, апликантите мора да зборуваат германски или англиски јазик и да имаат доказ за средства или плата доволни за покривање на трошоците за едногодишен престој во Германија.

За добивање на картата, кандидатите се бодуваат. Повеќе за начинот на бодување на ЛИНКОТ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK