Од 47 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, само еден е во критична состојба. Министерот за здравство, Арбен Таравари, информира дека од двајцата критични пациенти, кај едниот има мало подобрување.
Тој додаде дека за утре е најавено враќање на уште еден пациент кој се лекува во странство.
Министерот информира дека експерти од Велика Британија направиле евалуација за тоа колку време ќе им биде потребна рехабилитација на повредените. Утврдено е дека на сите повредени ќе им бидат потребни од месец дена до 24 месеци рехабилитација.
Таравари, исто така, кажа дека неколку држави се понудиле за бесплатна долготрајна рехабилитација, но деталите ќе бидат објавени за околу десет дена.