Јавното обвинителство се’ уште ги прибира доказите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.
Од Обвинителството велат дека официјалниот извештај од Обдукцијата се’ уште не им е доставен.
Вања и Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември беа најдени убиени.
Засега за случајот осомничени се шест лица. Од нив пет се наоѓаат во притвор, а за осомничениот Љупчо Палевски се чека екстрадицијата од Турција.