Обвинителството не било консултирано, но мора да ги применува измените на кривичниот законик, вели Јовески

Обвинителството-не-било-консултирано-но-мора-да-ги-применува-измените.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државниот обвинител Љубомир Јовески, вели дека Обвинителството не било консултирано за измените во Кривичниот законик, но се донесени во Собранието во законска процедура, па должност на Обвинителството и другите правосудни институции е да ги почитуваат.


Јовески кажа дека за обвинителите не е сеедно што предмети во кои бил вложен голем труд, сега со измените се наоѓаат пред застарување. Рече дека нема да застарат многу предмети, а обвинителството ќе се обиде да спаси дел од нив.

Ако има основи и ако има докази за изрекување на конфискација, уверува Јовески, обвинителите ќе бараат имотот да биде конфискуван. Државниот обвинител кажа и дека не може да се направи проценка како изменитеќе влијаат на сите предмети, со оглед на тоа што секој предмет е посебен. Сепак, како што додаде, нивната примена најмногу е изразена во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство Скопје.

Собранието на почетокот на месецот со европско знаменце ги изгласа измените на Кривичниот законик, кои меѓудругото предвидуваат пониски казни за злоупотреба на службената позиција. Претседателот Стево Пендаровски потоа го потпиша Указот, а измените наидоа на бројни реакции во јавноста.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK