Обвинителот Јакимовски очекува преиспитување на казните во случајот „Ласкарци“

Обвинителот-Јакимовски-очекува-преиспитување-на-казните-во-случајот-„Ласкарци.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавниот обвинител Дарко Јакимовски што се однесува до одлуката за санкциите, рече дека таа секако ќе биде преиспитана и тоа за сите обвинети, откако вкупно 39 години добија обвинетите во случајот „Ласкарци“ за автобуската несреќа што се случи во 2019 година во која животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени.


„Нашите очекувања беа дека казните нема да се движат поблиску од законскиот минимум за казнување за ова кривично дело за кое може да се движи од 4 до 20 години. Во тој поглед секако дека ќе се преиспита казната која е битна алка во одговорноста и се надевам дека во иднина никогаш нема да бидеме сведоци за ваква трагедија“, рече Јакимовски.

Јавниот обвинител Дарко Јакимовски, од друга страна, во своите завршни зборови побара најстрога казна, бидејќи, според него, кај сите обвинети постоела безобѕирност во постапувањето и било прашање на време само по која основа, како што рече „хаосот на работењето може да резултира со вакви или слични последици“.

Судечкиот совет при Основниот Кривичен суд Скопје го прогласи за виновен обвинетиот Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“ и му изрече казна затвор од четири години, на одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари казна затвор од шест години, а на тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боваровски, кои се товарат за соучество во истото дело, им изрече затворска казна од по пет години.

Најголема казна затвор од 14 години доби возачот на автобусот, Маноил Трифуновски.

Во автобуската несреќа, која се случи во 2019 година, животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK