Отворање на 13. Македонска извидничка Смотра во организација на Сојуз на извидници на Македонија, со обраќања на претседателот Стево Пендаровски и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.
Најавени се и обраќања на директорот на Јавно претпријатие Национални шуми Валентин Груевски и Маре Басова, помошник директор, градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски и директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсоски.