Времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планинитe од снег, особено претпладне. Во текот на денот врнежите ќе престанат, а нови врнежи ќе има во ноќните часови кон четврток. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје облачно, претпладне со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 9 степени.
Во четврток ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во текот на денот врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Долж Повардарието ќе почне да дува засилен северен ветер кој ќе продолжи и во петок. Од петок времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.