Новороденче со сепса почина на Детската клиника во Скопје: мајката раскажа за голготата низ која што поминала

Едногодишно-бебе-почина-во-охридската-болница.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новороденче со сепса починало на Клиниката за детски болести во Скопје.


Од Клиниката велат дека бебето кај нив било донесено од прилепската болница во исклучително тешка здравствена сосојба. Било примено на одделот за интензивна нега, потоа и интубирано, а откажале и бубрезите. Од тука додаваат дека според клиничките и биохемиските параметри, се работи за рана неонатална сепса, што се појавува првите четири дена и најчесто, инфекцијата настанува при самото раѓање.

Мајката на бебето на социјалните мрежи пишува дека бебето се родило здраво, но по два дена и соопштиле дека има жолтица и дека ќе го оди на фототерапија, а потоа ќе бидат пуштени дома. Но по шест часа и кажале дека ќе бидат потребни уште толку.

„Вечерта детето ми беше донесено само половина час и го зедоаа. Што се случуваше таа вечер ќе остане секогаш мистерија. Што правеле сестрите кои биле оставени без доктор во цел оддел.? Во 5:30 наутро дошла докторката која кога видела што се случува со бебето почнала да им вика што направиле со него. Му направила уште една крвна слика која немало никакви знаци на инфекција“, пишува на својот фејсбук профил мајката Лиле Петровиќ.

Потоа и било кажано дека бебето ќе биде пратено Скопје поради жолтицата и дека таму имале подобри апарати.

„И поверував и на тоа и слегов во ходникот, ги чекав да го донесат бебето и да одиме во амбулантското комбе додека тие заминаа преку друг излез за да ме избегнат и да не го видам детето. Кога отидов го видов детето со кислородна маска за дишење (ДАЛИ НА БЕБЕ СО ЖОЛТИЦА СЕ СТАВА КИСЛОРОДНА МАСКА ЗА ДИШЕЊЕ?). Стигнавме на Клиниката за Детски Болести, и веднаш беше хоспитализирано на интензивна нега. Си заминав дома со празни раце. Дента на хоспитализирање ми кажаа дека е инфекција, а по два дена испитувања дека детето фатило тешка сепса и дека како такво било донесено од Прилепската Болница“, раскажа мајката.

Од Болницата во Прилеп потврдија дека новороденчето се родило во добра здравствена сосотјба, но потоа се влошувала – имало потешкотии со дишењето, земена била крв за анализа, поставена инфузиона, двојна антибиотска терапија. Сепак, по консултација со лекар од Клиниката за детски болести бебето било транспортирано на Детската клиника во Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK