Нивото на водата во Охридското Езеро расте, но се уште далеку под просекот

ohrid
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нивото на водата во Охридското Езеро бележи пораст, благодарение на врнежите дождливото време, но се уште е далеку под просекот за овој период од годината.

Водостојот денеска се наоѓа на котата 693,40 метри надморска височина, што е за 25 сантиметри под просекот за мај.


Температурата на водата е 12,5 степени Целзиусови, под просекот од 15 степени.

Зачестените осцилации на водостојот на езерото неповолно се одразуват врз живиот свет, најизразено токму во литоралниот дел од езерото односно крајбрежниот појас каде е најбројната популација на флотата и фауната на еко-системот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK