Николоски: Реизбран сум за потпретседател на групата на Европската народна партија во Советот на Европа

Николоски-Реизбран-сум-за-потпретседател-на-групата-на-Европската-народна.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Сразбур се одржува редовната зимска сесија на парламентарното собрание на Советот на Европа и ја имам честа да бидам реизбран за потпретседател на групата на Европската Народна Партија, тука во Советот на Европа, објави на својот Фејсбук профил Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.


„Оваа позиција за извршував и во изминатите две години, а денес ја добив поддршката од членовите на Европската Народна Партија и во следните две години да бидам потпретседател на Европската Народна Партија во Советот на Европа. Тоа е и огромна чест и огромна привилегија, имајќи предвид дека се работи за најголемото политичко семејство во Европа, кое што има пратеници и во Советот на Европа и во Европскиот Парламент, најголем дел од претседателите и премиерите на замјите членки на Европската Унија доаѓаат токму од Европската Народна Партија. Исто така и претседателката ка Европската Комисија доаѓа од Европската Народна Партија“, вели Николоски.

Според него ова е, исто така, и една потврда и поддршка и за Македонија како и за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ која што е член на Евопската Народна Партија.

„Во следните две години ќе продолжам да се залагам за заштита на човековите права, на малцинските и на јазичните права на сите оние на кои што им се загрозени, особено на Македонците кои што живеат во Бугарија, во Грција и во Албанија кои што немаат признати малцински јазични права. Исто така, ќе продолжам да се залагам за интересите на Македонија и ќе се обидам оваа позиција да ја искористам најдобро можно. Она што преставува дополнителна привилегија и чест е што, покрај мене, избрани се уште пет други политичари на оваа позиција како потпретседатели на Европската Народна Партија во Советот на Европа. Тоа се проминентни политичари кои што доаѓаат од држави како Германија, Италија, понатаму, тука е Норвешка и Полска што значи е еден навистина престижен избор кој што само покажува што треба да правиме во следниот период и на каде треба да се движи политиката и на мојата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, но и на Македонија“, посочи Николоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK