„Македонија не ги почнува преговорите со ЕУ, не заради проблемот со Бугарија, туку заради немање функционален систем на владеење на правото!“, пишува Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи.
„Да го реши Македонија проблемот со корупцијата и да воведе функционален систем на владеење на правото, проблемот со Бугарија ќе се реши за едно претпладне или попладне.
Ова го зборувам со години од 2018 година навака! Конечно и јавно е потврдено од моќни земји членки на ЕУ. Решението е силна борба со корупцијата и воспоставување на функционален систем на владеење на правото“, додава Николоски.