Николоски: Канатларци за Стево Пендаровски не постои, нити слушнал во животот, нити знае каде е на мапа

Aleksandar-Nikoloski-13.04.2024-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска сме во посета на Општина Прилеп заедно со градоначалникот Јовчевски и кандидатите за пратеници да го најавиме големиот народен митинг кој се случува во понеделник во Прилеп во 20:30 часот. Би сакал да ги поканам сите жители на Општина Прилеп и околните општини да ни се приклучат да слушнат и од мене и од претседателот на партијата Христијан Мицкоски и од идната претседателка Гордана Силјановска Давкова зошто на Македонија и се потребни промени и зошто како што велиме треба Македонија треба да е повторно твоја и повторно горда и зошто Гордана Силјановска Давкова е најдобриот избор за претседател на Македонија, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.


-Во таа насока можам да кажам дека денес имаме исклучително плоден ден со задоволство можам да кажам дека во населеното место Канатларци благодарение на работата на градоначалникот и советот решивме децениски проблем, имено од денеска граѓаните имаат чиста вода за пиење која стига до секоја куќа во Кантларци што е решавање на деценискиот проблем. За Канатларци веројатно Стево Пендаровски нити слушнал во животот, нити знае каде е на мапата, но ние ги решаваме проблемите.

Во насока на решавање на проектите во следниот период планираме да работиме доста за Прилеп согласно нашата идеја за децентрализација на општинските средства, Општина Прилеп во еден инвестициски циклус од 4 години директно од државата ќе добива најмалце по 8 милиони евра што е најмалце 32 милиони евра само за Општина Прилеп што значи дека во рок од 4 години треба да ги решиме сите инфраструктурни прашања во општината. Дополнително на тоа се залагаме за уште неколку клучни проекти за Прилеп и пелагонискиот регион.
Прво е конечно завршување на експресниот пат од Градско до Прилеп, тоа е пат кој 7 години СДСМ и ДУИ не можат да го завршат и е пат симбол за неспособноста. Ветуваме дека во рок од најмногу 2 години комплетно ќе биде завршен експресниот пат, трите делници кои одат од Градско до Прилеп. Во моментов се градат првите две со многу спора динамика, а третата воопшто не е почната. Ние ветуваме дека во рок од најмногу 2 години ќе има експресен пат од Градско до Прилеп. Како што ветуваме исто така дека во рок од 4 до 5 години ќе се изгради автопат од Прилеп до Битола и до границата со Грција и исто така ветуваме дека ќе изградиме обиколница на градот Прилеп со која ќе се растерети товарниот сообраќај во Прилеп.

Она што можам да го кажам за многумина што ме среќаваат деновиве. Планираме драстично зголемување на пензиите имено пензионерите ќе добијат само во првата година зголемување од најмалце 5,000 денари, а планираме сериозно да се посветиме на здравството, болницата во Прилеп чиј директор е поставен уште од времето на Венко Филипче, која држи неславни рекорди во време на корона кризата, ќе добие комплетно нов систем на организација кој пред се ќе значи кинење на корупцијата, да најавам дека за тоа ќе зборувам во следниот период со цел прилепчани и сите кои гравитираат околу прилепската болница да добијат соодветна здравствена заштита

Да ве поканам во понеделник во 20:30 часот да се видиме заеднички и да кажеме на сите вас зошто мислиме дека Гордана Силјановска Давкова треба да е новиот претседател на Македонија, додава Николоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK