Ние сме 13 земја во светот по остварен девизен прилив од извоз на вино

IMG_4096.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски,  ја посети винаријата Камник, од каде извести за рангирањето на Северна Македонија како 13 држава во светот на скалата по девизен прилив остварен од извоз на вино, според податоците на World Top Export.


„Ова се одлични резултати за една мала земја како нашата која се натпреварува со далеку поголеми држави. Ние во 2022 година сме оствариле девизен прилив во вредност од скоро 60 милиони евра. Нашата анализа покажа дека низ годините наназад ние сме успеале да го одржиме производството и површините со лозови насади, а при тоа да ја зголемиме вредноста на извезеното вино. За пример, во 2021 и 2022 сме извезле отприлика иста количина вино но, во 2021 имаме околу 50 милиони евра а во 2022 околу 60 милиони девизен прилив, значи 10 милиони евра повеќе за една година. Ова се должи на зголемениот квалитет на виното и зголемениот извоз на вино во шишиња, како и на многуте нови брендови кои ги освојуваат странските пазари. И во тој правец треба да продолжиме, да го зголемуваме квалиетот на произведено винско грозје за да имаме уште поквалитетни вина“ изјави министерот Николовски.

Според анализите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за изминатите седум години од 2016 до 2022, ние за лозарите и винариите сме исплатиле околу 90 милиони евра, по разни основи, а само во една година сме вратиле назад во буџетската каса две третини од овој износ, односно 60 милиони евра. Ова доволно зборува зошто посветуваме посебно внимание токму на овој сектор и ги опрадува сите пари кои сме ги исплатиле кон лозарите и винариите низ годиниве наназад.

„Македонското вино е нешто со што се гордееме. Најдобар промотер на нашата земја, најгласниот и најдиректниот маркетинг за нашата земја. Јасно и силно го рефлектира успехот на нашата стратегијата, со што винскиот сектор доживеа револуционерен развој. Ние денеска зборуваме за над 200 винарии, а само пред неколку години беа триесетина. Ние денеска не сме невидливи во тој глобален вински свет, напротив, силно зрачиме и секој кој следи вински параметри, се почесто ќе го чита името на Северна Македонија“ потенцираше министерот Николовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK