Невистинити се информациите дека лекари од Клиника Жан Митрев незаконски предаваат на Медицинскиот факултет во Штип

Zan-Mitrev-Clinic
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Непроверени и невистини се информациите дека лекари од Жан Митрев клиника незаконски предаваат на Медицинскиот факултет ‛Гоце Делчев‛ – Штип.

Лекарите кои предаваат на оваа образовна институција не се вработени на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, туку врз основ на избор во насловни звања (насловен доцент, односно насловен вонреден професор) се ангажирани на Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.


Ова е во согласност со член 182 од Законот за високо образование (Сл. весник бр. 82/18) кој вели: „Афирмирани научници, уметници и стручњаци од практиката, кои ги исполнуваат условите за избор во звања, а за кои нема слободно место за избор во наставно-научно звање, можат да се избираат на универзитет во звањето насловен доцент и насловен вонреден професор, според условите и постапката утврдени со овој закон.

Лицата избрани во насловни звања можат да учествуваат во вршењето на високообразовна дејност најмногу до 30% од редовните обврски на соодветното наставно-научно звање. Видот и обемот на учеството на лицето избрано во насловно звање во вршењето на високообразовната дејност го утврдува наставно-научниот совет на факултетот во согласност со општиот акт на Универзитетот“.

Со ангажирањето на овие лекари специјалисти, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип нема прекршено ниту една законска обврска, туку напротив во фер и транспарентни постапки, согласно со законските можности, ангажира истакнати и афирмирани стручњаци од соодветните области, сѐ со цел обезбедување на највисок квалитет на наставата на студентите по медицина како особено значајна гранка во општеството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK