Невакцинираните деца нема да можат во градинка – Демири ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести

gradinka-epa.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство, Илир Демири ги прифаќа препораките на Комисијата за заразни болести (КЗБ) за спречување на ширењето на голема кашлица (пертусис).


Демири, ќе донесе одлука со која на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе му наложи да постапува согласно законските надлежности предивидени со Закон за заштита на населението од заразни болести, како и да врши вонредни инспекциски надзори, односно увид во вакциналните потврди обезбедени од вакциналните пунктови за примена вакцина против голема кашлица.

Министерството за здравство апелира до родителите дека најдобар начин за превенција на голема кашлица е вакцинацијата, затоа треба да ги вакцинираат своите деца.
Вакцинацијата против голема кашлица во Република Северна Македонија се спроведува со комбинирани вакцини: Hexaxim (DTaP-IPV-Hib-HepB), Pentaxim (DTaP-IPV-Hib) и Tetraxim (DTaP-IPV).

Според Календарот за имунизација, првата доза на вакцина се дава на деца на возраст со навршени два месеца, втората доза на возраст од 4четири месеци и третата доза на возраст од шест месеци.

Првата ревакцинација се врши една година по комплетирањето на примарна вакцинација, на 18-месечна возраст. Втората ревакцина се дава во второ одделение, односно на 7-годишна возраст.

Вакцината против голема кашлица на препорачанатa возраст на доенчињата го намалува ризикот од сериозна форма на болест.

Комисијата за заразни болести вчера препорача тестирање на голема кашлица на територијата на целата држава и засилени контроли на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во градинките за откривање невакцинирани деца и дигитална евиденција за сите вакцинирани. Таквите деца, според препораките, треба да бидат изолирани и да не им се дозволи влез во градинките за заштита, пред сè, на нивното здравје, но и здравјето на другите.

Директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска, претходно денес изјави дека ДСЗИ ќе забрани прием на невакцинирани деца во градинките тогаш кога препораката на Комисијата за заразни болести ќе биде прифатена.

До вчера беа регистрирани вкупно 123 лица заболени од голема кашлица во земјата. Од нив, 120 лица се од Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK