Нема отцепување од Алијанса зашто ние сме Алијанса за Албанците, има и дел „Дуисти“ но на нив е дали ќе формираат посебна партија, кажа Алиу

Нема-отцепување-од-Алијанса-зашто-ние-сме-Алијанса-за-Албанците.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Нема отцепување од Алијанса зашто ние сме Алијанса за Албанците, изјави министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу од редовите на Алијанса за Албанците, пред состанокот на делегатите на Централното собрание на партијата кој го свика лидерот Арбен Таравари.

Одговарајќи на прашањето дали како исход од вечерашниот состанок може да се очекува нивно отцепување од партијата со оглед на тоа што Алијанса официјално поднесе предлог за негово и за разрешување на министерот здравство Фатмир Меџити, Алиу дециден:

„Нема отцепување од Алијанса зашто ние сме Алијанса за Албанците. Другите се дел ‘дуисти’ во Алијанса за Албанците, така што тие дали ќе бидат заедно или ќе бидат на посебна листа, дали ќе формираат посебна политичка партија тоа е на нив“, кажа Алиу.

Во врска со предлогот за неговото и за разрешувањето на Меџити од министерските позиции во Владата, Алиу рече дека утре ќе присуствува на седницата во Собранието на која ќе се расправа за нивните разрешувања.

„Сè уште не сум го видел мејлот. Се надевам дека ќе имам пристап до мејлот, да видам кој бара мое разрешување. Јас ќе бидам утре таму и ќе одржам говор, па ќе видиме“, кажа Алиу,

Премиерот на техничката влада Талат Џафери денеска го достави до Собранието, Предлогот за разрешување на министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити, кое го побара нивната матична партија, а седницата на која ќе се расправа за нивно разрешување е закажана за утре.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK