Некои работи се случуваат само во Македонија

grcija-kovid-696x464-1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во цивилизиран свет каде има функционален здравствен систем и правично судство, лекарите и здравствените работници се највредниот капитал на здравствениот систем. Заради ваквата вредност, освен што ја уживаат почитта од целото општество за својата улога, тие се и во извесна смисла заштитени со цел здравствениот систем да биде функционален а со тоа и да овозможува квалитетна здравствена заштита.







 

Нивната заштита не е апсолутна, туку во мерењето на резултатите од нивната работа се пресметани и многу други фактори, како факторот на услови во кои се работи и општ здравствен амбиент, факторот достапност на практики, медицински средства, персонал, апаратура итн.

 

А, ние остануваме парадигма за единствена земја каде се суди на доктор. Освен процесот за сторена измама, што се води против д-р Жан Митрев, можеме да се „пофалиме“ со уште еден пример за ставање на доктор во центарот на судски процес, д-р Бобан Вучевски. Но таа сага заврши со ослободителна пресуда, а процесот за д-р Митрев трае повеќе од една година и досега обвинителството ништо не успеа да докаже, напротив се поби самото себе.

Продолжете со читање на Нетпрес

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK