Нека им е на здравје вечерата на тие што ќе ја прифатат, јас не припаѓам во тоа друштво: Ванковска до Османи

FotoJet-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Билјана Ванковска еден од кандидатите за претседател на Македонија преку својот Фејсбук профил ја прокоментира поканата на Бујар Османи на ифтар вечера за сите кандидати освен неа и Стевчо Јакимовски.

„Разбрав дека господинот Бујар Османи, актуелен министер за надворешни работи и претседателски кандидат на ДУИ, не ме поканил на вечера/ифтар заедно со останатите, каде планира да разговараат за избор на европски претседател. Прво, Османи, очигледно, прави свои ,црни листи’ на подобни и неподобни. За Јакимовски му е јасна поентата (се наоѓа на американска црна листа), но за мене, можеби, знае нешто што јас не го знам“, вели Ванковска.

Како што додава, разговор за избор на европски претседател не ја интересира, бидејќи  се кадидира за македонски претседател .

„Мојата легитимација ќе ја барам од мојот народ и од никој друг (па таман да е и ЕУ).Да организираш гоштевање за ифтар во време кога деца умираат од глад во Газа е во најмала рака непристојно и нечовечно. Јас оваа година, мислите, мојата емпатија и меѓународна солидарност ги упатувам кон Палестина и тешко ми е да прифатам пост и ифтари во време на геноцид. Интересно е што Османи ниту еднаш не изрази сочувство или солидарност со Палестинците. Останав јас сама со кефијата околу мене. Нека им е на здравје вечерата на тие што ќе ја прифатат! Јас не припаѓам во тоа друштво”, пишува проф. Ванковска во својата објава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK