Небиу донира: Трактор за затворот Шутка, три возила за министерството за здравство, и комбе за Психијатриската болница Бардовци

Screenshot-2023-08-25-142527.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Трактор за затворот на Шутка отстапи Агенцијата за управување со одземен имот. Директорот на агенцијата Дритон Небиу како што вели ова го направил по претходно барање од страна на директорот на Шутка, Филип Андов, а како помош од страна на Агенцијата за управување со одземен имот за решавање на дел од проблемите со кои затворот долги години се соочувал.


А со цел заштедување на финансиски средства од буџетот на државата и обновување на вoзниот парк во секоја државна институција, Небуи како директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, со претходно одобрение, како што вели, од страна на управниот одбор и владата на Република Северна Македонија, а по претходно побарување од страна на Министерот за Здравство Фатмир Меџити, денес од агенцијата отстапил 3 моторни возила за потребите на Министерството за Здраство.

„Како институција со најголема потреба во нашата држава каде што е приоритарно да се помогне, јас како директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, овој пат одлучив да напавам донација на моторно возило комбе за потребите ЈЗУ Психијатриска Болница Бардовци по барање на директорот Мухсин Арифи“, информира директорот на Агенцијата за управување со одземен имот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK