Не се крши законот, мандатот се доделува на коалиција, вели Ковачевски за изборот на Џафери за технички премиер

Не-се-крши-законот-мандатот-се-доделува-на-коалиција-вели.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Премиерот Димитар Ковачевски уверува дека нема кршење на Законот, со тоа што ДУИ го избра собранискиот спикер  Талат Џафери да ја преводи владата 100 дена пред избори, односно да биде на функцијата технички премиер.

Ковачевски во таа насока рече дека мадатот што претседателот на државата го доделува за формирање на Влада, се доделува на коалиција, на онаа која има најмалку 61 пратеник во Собранието, па затоа тука нема ништо спорно.

Според премиерот, обврска на сите политички партии е да учествуваат во влада која треба на техничко ниво да ги спроведе изборите. Со тоа, вели тој, ќе имаме демократски процес на кој нема да има ниту една дамка.

Во законот нема импровизација, заклучи премиерот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK