Не ја демонизирајте интеграцијата на Албанците, не мора конзулите да имаат високо дипломатско звање, рече Османи

Не-ја-демонизирајте-интеграцијата-на-Албанците-не-мора-конзулите-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера синдикатот на вработени во дипломатска служба излезе со обвинувања дека се крши законот со упатување на конзулот во Њујорк, обвини за непрофесионализам.


„Обично не го коментирам синдикатот, туку го поттикнувам на синдикатски активизам во одбрана на правата на вработените, но многу сум осетлив кога во тоа гледам елементи на етничка дискриминација, која што, како се приближуваат изборите добива вознемирувачки димензии. Затоа мојата реакција беше жестока и ќе биде жестока“, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што кажа министерот, тој во изминатиот период предложил, а Владата одобрила четворица конзули од коишто двајца не биле Албанци и двајца воопшто не биле од МНР.

„Тие не беа спомнати. Беа спомнати само тие каде што прочитаа име на Албанци. Тоа ме вади од кожа, ги вади сите од кожа. Не ја демонизирајте интеграцијата на Албанците, тоа е најдоброто нешто што и се случило на оваа држава. Нема да дозволам дебата каде што основен елемент на синдикалното организирање е етничката дискриминација. Тука ќе ја прекинам таа дебата. Делот од Законот кој што предвидува високо дипломатско звање за конзули е сменето во 2015 година по предлог на тогашниот министер. Тој став од Законот е избришан. Така што не е обврска во критериумите за конзули да имаат високо димпломатско звање“, изјави Османи.

Тој додаде дека врз основа на тоа решение се испратени и претходни конзули.

„Сегашниот конзул кој што сега е вратен од Солун, е исто така на тој начин пратен, врз основа на тоа законско решение. Меѓутоа тогаш немало реакција, немаше реакција ниту за тие кои што воопшто не се дел од МНР. Никој не ги спомна другите политички решенија. Нема да дозволам етничка припадност да биде основа за синдикално организирање“, рече министерот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK